Балкан

Новоизбраниот премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ја прими функцијата од Талат Џафери

- Досегашниот премиер Џафери му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски

Abdula Berisha  | 24.06.2024 - Обновена : 25.06.2024
Новоизбраниот премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ја прими функцијата од Талат Џафери Фото: Влада на Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Во Владата на Република Северна Македонија досегашниот премиер Талат Џафери му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски, пренесува Анадолу.

Во соопштението пратено од Владата се вели дека премиерите имале кратка средба во премиерскиот кабинет.

„Досегашниот премиер Џафери му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, при што му посака успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани на државата и на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Исто така, беше констатирано дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта. Ова се оцени како придонес во европското поведение на државата, која цели кон полноправно членство во Европската Унија.

„Досегашниот премиер Џафери посочи дека на државата, како и досега, и понатаму ѝ се потребни квалитетни реформи, со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните според европските демократски стандарди и вредности. Изразена е надеж за високо ниво на политичка свест и соработка околу стратегиските приоритети“, се вели во соопштението.

Потсетуваме дека вчера Собранието на Северна Македонија со 77 глаза за и 22 против ја избра новата Влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Новата Влада има вкупно 24 члена, вклучително и претседателот на Владата и петте вицепремиери. Во владиниот кабинет 15 члена се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од Движењето ЗНАМ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.