Uğur Subaşı
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
САКАРЈА (АА) - Огранокот на турската Хуманитарна организација ИХХ во Сакарја, доделува пакети со прехранбени производи во Македонија, во рамките на кампањата со мото „За Рамазан сме на Балканот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на ИХХ, Хакан Саглам, член на Управниот одбор на огранокот на ИХХ во Сакарја, и делегација со него, започнаа со доделување пакети со прехранбени производи во Скопје и во другите градови низ Македонија.
Покрај доделување пакети со прехранбени производи, за Рамазан тие организираат ифтари, како и поддршка во облека за децата сираци.
Според соопштението, претседателот на огранокот на ИХХ во Сакарја, Себахатин Ајдин, истакна дека тие, како хуманитарна организација, заедно со нивните партнерски здруженија започнале со доделување пакети со прехранбени производи во Источна Македонија и во главниот град Скопје.
Ајдин нагласи дека доставуваат помош за лицата кои имаат потреба од неа, во 95 земји и региони во светот, како и во 81 област во Турција.
Информирајќи дека во овие рамки ќе бидат доделени вкупно 300.000 пакети со прехранбени производи за лицата кои имаат потреба од помош во земјата и во странство, Ајдин изјави дека покрај помош од прехранбени производи, доделуваат и средства за хигиена, облека и играчки за деца.