Vesna Besiç
02 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
БЕЛГРАД (AA) - Утрово во седум часот се отворени гласачките места во Србија на кои граѓаните ќе го бираат новиот претседател, јавува Anadolu Agency (AA).
На изборите за претседател на Србија на 8.396 гласачки места ќе гласаат 6.724.949 граѓани. Граѓаните ќе гласаат и во Косово каде на 90 гласачки места својата должност ќе ја извршат 105.929 гласачи.
Право на глас ќе има и дијаспората која ќе гласа на 53 гласачки места во 32. земји од светот.
Право на глас ќе имаат 11.590 гласачи. Имено, од 7 до 20 часот ќе се гласа во Австрија, Белгија, БиХ, Грција, Италија, Јужноафриканска Република, Катар, Кина, Либан, Македонија, БиХ, Малта, Унгарија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Турција, Обединети Арамски Емирати, Финска, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чечка, Швајцарија и Шведска.
Во трката за претседател на Србија се наоѓаат 11 кандидати.
Изборите за претседател на Република Србија се одржуваат на секои пет години, колку што според Уставот на Република Србија трае мандатот на претседателот на Србија.
Освен овие редовни, можни се и вонредни претседателски избори, кои се спроведуваат кога претседателот е спречен да ја извршува таа должност или кога мандатот му престанува пред истекнување на времето на кое е избран.
Изборниот процес ќе го следат вкупно 1.955 домашни набљудувачки од четири здруженија и 126 странски набљудувачки од 25 организации, изборни комисии и амбасади.
- Вучиќ по гласањето: Ќе ја прифатам секоја волја на луѓето во Србија
Во Нови Белград, лидерот на Српската напредна странка (СНС) и актуелниот премиер Александар Вучиќ ја изврши својата граѓанска должност, кој во таа прилика порача дека се надева оти Србија на овие избори ќе обезбеди стабилност и продолжение на економските реформи и економскиот успех.
„Се надевам дека Србија со овие избори ќе обезбеди стабилност и продолжение на економските реформи, економскиот успех. Во секој случај, сакам да верувам дека на никој нема да му падне на ум да ја дестабилизира Србија и да го прави она што за жал го ветуваше во изборната кампања”, истакна Вучиќ кој на гласањето дојде со ќерката Милица.
Тој изрази увереност дека излезноста ќе биде голема и дека луѓето на демократски начин ќе одлучат за нивната иднина.
Одговорајќи на новинарско прашање за очекувањата на победа во првиот круг, Вучиќ нагласи дека ќе ја прифати секоја волја на народот во Србија.
„Секогаш се надевате на тоа. Се надевате на успех, победа, а на народот е да каже што сака и мисли. Јас секоја волја на луѓето во Србија ќе ја прифатам и признаам и доколку бидам поразен истата секунда ќе им честитам на моите противници. Доколку биде поразлично, би било пристојно, барем после сите навреди кои ги упатија и највалканите кампања кои ги водеа да честитаат. Во секој случај, што се однесува до мене, потполно сум мирен, работев најдобро што можев за нашата земја, а дали народот ќе каже дека тоа било доволно добро или не, тоа ќе го видиме вечерва”, порача Вучиќ.
- Македонија: За претседателските избори во Србија право на глас имаат 141 гласач
Утрово во седум часот во Конзуларното одделение при Амбасадата на Србија во Скопје, отворено е избирачко место каде граѓаните ќе го бираат новиот претседател.
Љиљана Танасијевиќ, конзул во Амбасадата на Србија во Скопје и претседател на изборнот одбор во изјава за АА рече дека бирачкото место во Конзуларнто одделение на Амбасадата на Србија во Скопје е отворено на време каде граѓаните ќе имаат можност да го остварат своето гласачко право.
„Овде се пријавени 141 гласач за гласање во Амбасадата во Скопје и првиот гласач веќе гласаше. Изборното место е отворено до 20 часот", изјави Танасијевиќ.