Панел на тема „Поглед на заедничка иднина: Пристапниот процес на Северна Македонија и односите ЕУ-Туркије во Скопје
- Панелот „Перспектива за заедничка иднина: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и односите меѓу ЕУ и Туркије“ беше организиран во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје
СКОПЈЕ (АА) - Панелот „Перспектива за заедничка иднина: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и односите меѓу ЕУ и Туркије“ беше организиран во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, известува Анадолу
Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, акредитирани амбасадори во земјава, претставници на турските институции и организации во земјата, академици и студенти присуствуваа на панел-дискусијата.
Во својот говор министерот Муртезани рече дека посветеноста на Северна Македонија во пристапниот процес се заснова врз визија за инклузивна и просперитетна иднина, која е обединета со заеднички цели и меѓусебно почитување.
Нагласувајќи дека денес Северна Македонија се издвојува како партнер кој е целосно посветен на заедничките напори за обезбедување стабилност и хармонија во целиот регион, министерот Муртезани истакна:
„Сега влеговме во критична фаза на решавање на критериумите за отворање на владеењето на правото и основните принципи од првиот кластер, Тоа ги истакна патоказите кои се однесуваат и на реформите во судството, малцинските права и реформите во јавната администрација.“
Изразувајќи дека му е чест за партнерството што Северна Македонија го споделуваат со Туркије, Муртезани истакна:
„Иако процесот на пристапување на Туркије се соочува со значителни предизвици, нејзината поддршка за целите на Северна Македонија ја нагласува важноста на регионалната соработка во нашите заеднички напори за стабилност и напредок на Западен Балкан“.
- „Туркије е неразделен дел од Балканот“
Амбасадорот Улусој посочи дека ЕУ има преземено историски чекори во својата политика на проширување во периодот што следи по започнувањето на војната во Украина.
Нагласувајќи дека десетте земји кои сакаат да станат членки на ЕУ треба да се третираат подеднакво, амбасадорот Улусој истакна:
„Меѓутоа, не се од корист вештачките поделби и различните пристапи кон оваа цел во политиката за проширување на ЕУ, меѓу кои е и Западен Балкан. Туркије, која и самата е неразделен дел од балканска територија, не е ривал или странска сила која се меша во регионот. Туркије е неразделен дел од Балканот и како идна земја-членка, сака на ЕУ да и даде нова сила“.
Наведувајќи дека ги поддржуваат сите иницијативи насочени кон промовирањето на мирот и стабилноста на Балканот, Улусој рече:
„Во тој контекст го цениме Берлинскиот процес, иако не бевме вклучени во него бидејќи беше направена вештачката разлика меѓу Туркије и остатокот од Балканот“.
Наведувајќи дека Туркије има силни односи и примерна позиција со секоја од балканските земји, Улусој посочи дека благодарение на оваа посебна позиција Туркије може конструктивно да разговара со сите страни на Балканот, без да се гледа на етничкото и верското потекло.
Андраш Клајн, амбасадорот на Унгарија во Скопје, земја претседавач со Советот на ЕУ, во својот говор информираше за перспективата на неговата земја во процесот на проширување на ЕУ воопшто и за мандатното претседавање на Унгарија.
Наведувајќи дека од почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година, многу европски политичари изјавиле дека е време ЕУ да размислува геополитички, Клајн рече:
„Во тоа време се сеќавам дека бев доста оптимист како дипломат. Сега сме во ноември 2024 година и ако се запрашаме што се случи значително на полето на експанзија во последните години, има само еден искрен одговор, а тоа е ‘не многу’.“
Наведувајќи дека причината за тоа е тешка и сложена, Клајн изјави дека меѓу причини што може да се наведат се недостаток на политичко одлучување во ЕУ и нелегалната имиграција.
- Панелот продолжи со две сесии
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, се осврна на важноста на средбите на ваквите настани и рече:
„И за Северна Македонија и за Туркије, Европската Унија долго време симболизира ветувања, напредок и заеднички идеали. За Северна Македонија, членството во ЕУ значи активно да се понуди придонес за мирна и просперитетна Европа. За Туркије, со нејзината длабоко вкоренета историја, динамично општество и стратешко значење, ЕУ ѝ нуди можност да ги продлабочи своите долгогодишни врски со континентот и да ја зајакне својата улога како стабилизирачка сила во турбулентниот геополитички пејзаж.“
По воведните говори, панелот продолжи со сесиите „Заживувањето на европската интеграција на Балканот и улогата на Туркије како стабилизирачки фактор“ и „Влијанието на ЕУ врз односите Туркије-Северна Македонија“ со учество на различни академици.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.