Michael Sercan Daventry
10 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Преговорите на Велика британија со Европската унија за останување на земјата во "европското семејство" претставува "тешка работа", но договор може да се обезбеди до следниот месец, изјави денес британскиот премиер Дејвид Камерон, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека неговата земја ја чека "голема награда" доколку ветените реформи во ЕУ бидат успешни.
"Тоа што јас би сакал едоговор во февруари, како и референдум кој би уследил потоа, но како што знаете, преговорите се многу комплексни", рече утринава во телевизиско интервју за Би-би-си.
"Верувам дека одредени луѓе мислат дека прашањето за миграција е она најтешкото, и дека другите прашања се едноставни. Моментално, миграциите се навистина сложени, но ниту другите подрачја, исто така, не се едноставни", додаде премиерот Камерон.
Кога станува збор за миграциите и контролите кои таквата појава ја следат во Европа, Камерон рече дека сака 28-члениот блок на европски земји да генерира нови правила за евро-валутата со што би се осигурале од дискриминација земјите-членки кои таа валута не ја користат.
Исто така, даде предлог за повеќе државни парламенти интегрирани во работата на ЕУ со цел зголемување на европската конкурентност во светот.
"Ние допринесуваме за европската трговија и работиме заедно. Не сакаме да се "погребаме" во некоја европска супер-држава, и тоа е причината поради која Британија не учествува во единствената валута, не сме ниту во Шенген-зоната. Таквите работи луѓето треба да ги знаат", порача Камерон.
Според законот усвоен минатата година, Британија мора до крајот на 2017 година да одржи референдум кој ќе реши за судбината на земјата, за нејзиното останување или излегување од ЕУ.
Доколку Британија со европските лидери постигне договор, гласањето би можело да се одржи веќе во јуни, иако Камерон не го прецизираше точното време на одржување на референдумот.