Fatjon Cuka
25 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ТИРАНА
Централната изборна комисија на Албанија (ЦИК) објави податоци во врска со излезноста на гласачите на парламентарните извори во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата на ЦИК, врз основа на извештаите од 2.348 од вкупно 5.199 гласачки центри, излезноста до 15:00 часот во земјата изнесува 38,56 отсто.
Државниот изборен комесар, Илирјан Целибаши, на прес-конференција говореше во врска со процесот на гласање на парламентарните избори во Албанија.
Тој рече дека немало конфликти што може да претставуваат ризик за изборниот процес или интегритетот на изборниот процес.
Процесот на гласање за избор на 140 пратеници во Парламентот на Албанија ќе се одвива од 7:00 до 19:00 часот во 5.199 гласачки центри низ земјата.
Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на оваа земја, на овие избори право на глас имаат 3.588.869 гласачи.
На овие избори има 1.841 кандидат, од кои 39,76 отсто се жени.