Furkan Abdula
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - По повод 104. годишнина од 18 март - Победата на Чанаккале, седум лица од различни земји на Балканот со своите велосипеди тргнаа кон турскиот град Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Со иницијатива на Планинарско-еколошкото здружение од Скопје, седум лица од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Санџак, се собраа во Скопје, а по клањање на утринската молитва (сабах намаз) тргнаа на пат кон Чанаккале со своите велосипеди на кои носеа знамиња на Турција, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Сами Емин (65) од Скопје, кој беше дел од турскиот брод „Мави Мармара“, што носеше хуманитарна помош во Газа, во изјава за медиумите истакна дека тие како Турци, Албанци и Бошњаци планираат заедно да пристигнат во Чанаккале.
„По повод 104. годишнина од Победата на Чанаккале, тргнуваме од Скопје кон Чанаккале, со група од седум члена кои се од Сараево, Црна Гора, Санџак, Косово, Албанија, со цел да не ја заборавиме нашата татковина која ни е спомен од нашите предци“, рече Емин.
Тој нагласи дека ова патување го планирале уште по предавничкиот државен удар на 15 јули во Турција извршен од страна на терористичката организација ФЕТО.
„Целта на непријателите од Чанаккале, и денес е истa. Нивна цел е да ја распарчат Турција, а веќе го распарчија уметот. Се надеваме дека како умет повторно ќе ја надминеме оваа тешкотија“, додаде Емин.
Ќамуран Хирда од Скопје истакна дека во Чанаккале загинале околу 35.000 лица со потекло од Балканот.
„Од Скопје во Чанаккале ќе одиме со велосипеди во спомен на загинатите. Таму ќе ги посетиме гробовите на шехидите од Балканот, на нашите предци кои се бореле и го дале својот живот за исламот. Ќе ги посетиме и гробовите на загинатите на 15 јули“, истакна Хирда, додавајќи дека планираат за седум дена да пристигнат во Чанаккале.
Исмет Шкуљ од Босна и Херцеговина изрази задоволство што учествува на овој караван и упати благодарност до организаторите.