Abdula Berisha
10 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во салата на Македонската опера и балет во Скопје, во присуство на стотици симпатизери, се одржа промотивната конвенција на политичката партија АлтернАтивА, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на конвенцијата беа претставени членовите на Централното собрание на партија, кои порано го имаат избрано и новото централно раководство.
За претседател на партијата АлтернАтивА избран е Африм Гаши, кој што рече дека АлтернАтивА е отворена за сите и дека ќе ги продолжи контактите со сите политички фактори во и надвор од земјата за да го продолжи евро-атланскиот пат.
„Од сега па натаму, и како држава и како нација сме дел од алијансата за безбедност која почнува со Соединатите Американски Држави, ги вклучува земјите на Европската унија, продолжува со нашиот голем пријател Република Турција, за да заврши со нашиод сосед, Република Албанија”, рече Гаши.
Освен претседателот на партијата, на присутните им се обрати и министерот за култура, Асаф Адеми, кој што рече дека се чуствува горд што му е дадена можноста за да ја застапува АлтернАтивА во извршната власт.
„Мислам дека со нашите заеднички дејствија како во Собрание така и во екзекутивот, додадовме една нова боја на политичкиот живот во нашата земја. Верувајте дека ова ќе биде нашата цел и во иднина: транспарентноста, правдата и борбата сите да бидебе еднакви”, рече Адеми.
Во централното раководство на партијата АлтернАтивА ќе бидат и потпретседателот Неџбедин Кахремани, кој што ја прочита и политичката декларација на партијата, додека за генерален секретар беше избран Скендер Реџепи.
Освен претставувањето на Централното собрание и Централното раководство, во рамките на конвенцијата беа претставени и симболите со кои што ќе биде застапена партијата АлтернАтивА. Дел од оваа партија се тројца пратеници во Собранието на Северна Македонија, а партијата е дел од владината коалиција.
На конвенцијата меѓу присутните беа и актуелниот национален координатор за подготовка на Северна Македонија за членство во НАТО и кандидат на владејачката коалиција за претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Едмонд Адеми, министер без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за дијаспора и потпретседателот на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ) и пратеник во Собранието, Мухамед Зекири.