Furkan Abdula
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
ДЕБАР (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), во западниот дел на земјата донираше опрема за пчеларство на 30 семејства од подрачјето на Дебар и Центар Жупа, во рамките на Проектот за развој на пчеларството во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата се одржа во селото Долно Косоврасти, кое е дел од општината Дебар. На церемонијата учествуваа координаторот на ТИКА - Скопје, Ајтеник Ајден, градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибрахим, како и локалното население кое се занимава со пчеларство.
Координаторот на ТИКА - Скопје, Ајден, потсети дека Проектот за развој на пчеларството во Македонија го спроведуваат од 2007 година, додавајќи дека изминатите години проектот е спроведен во Источна Македонија.
„Денеска, во рамките на проектот, доделуваме 30 од 60-те кошници за пчели во Центар Жупа и регионот на Дебар, в четврток ќе доделиме 20 кошници во Штип и Берово, а ден подоцна, 10 кошнички во Демир Капија“, рече координаторот Ајден.
Ајден истакна дека во рамките на Проектот за развивање на пчеларството, планирано е организирање обука за одгледувачите на пчели, додавајќи дека сето тоа ќе им овозможи дополнителни финансиски средства на граѓаните од регионот кои се занимаваат со пчеларство.
„ТИКА има за цел да го даде својот придонес во руралниот развој на Македонија. Со овој метод ќе го дадеме нашиот придонес во обезбедувањето вработување, а истовремено со тоа ќе обезбедиме и зголемување на приходите по член на семејство“, рече Ајден.
Ајден посочи дека една од главните цели на проектот е давање придонес во мултиетничката структура на Македонија и истакна дека посакува продолжување на ваквите проекти.
- „Наша единствена надеж е ТИКА"
Градоначалниот на Општина Центар, Жупа Ибрахим, истакна дека денешниот ден е голем ден за општините кои се наоѓаат во регионот. „Во мое име и во име на локалното население би сакал да ѝ се заблагодарам на ТИКА за спроведувањето на една ваква иницијатива“, рече градоначалникот Ибрахим.
Ибрахим истакна дека овој проект е голем исчекор за локалното население, посочувајќи: „Ова е многу добра иницијатива која ќе овозможи вработување, и на еден начин, намалување на невработеноста“.
Заблагодарувајќи им се на ТИКА и Турција за спроведените проекти, Ибрахим изјави: „Можам да кажам дека, доколку постои единствена надеж за нас на Балканот и во овој регион, тоа е ТИКА“.
Во претстојните денови, ТИКА, во рамките на Проектот за развој на пчеларството во Македонија ќе им додели пчеларска опрема на 20 семејства во подрајчето на Неготино и на 10 семејства во подрачјето на Демир Капија.