Dzihat Aliju
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
ТЕТОВО (AA) - Голем пожар зафати поранешна фабрика во Тетово, додека активностите за гаснење на пожарот од земја и воздух продолжуваат, јавува Агенција Анадолија (AA).
Пожарот избувна во утринските часови во поранешната фабрика „Македонија табак“ на периферијата на градот во правец кон Скопје.
Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, додека директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во изјава за новинарите рече дека од чадот се хоспитализирани 3 пожарникари.

Полицијата го ограничи движењето во градот поради големиот пожар и густиот чад додека училиштата ја прекинаа наставата.
Во изјава од Општина Тетово се вели дека во соработка со Секторот за образование е одлучено денеска и утре да се прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.
„Поради безбедносни причини од влошување на квалитетот на воздухот во Тетово, за да се заштити здравјето на децата и учениците, ја донесовме оваа одлука. Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот. Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски“, се вели во соопштението.
