Vesna Besic
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
САРАЕВО (АА) - Зградата на Кантонскиот суд во Сараево е евакуирана поради дојавата за бомба, потврди за Аnadolu Аgency (AA) портпаролката на обвинителството, Азра Бавчиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Евакуација е извршена во зградата во којашто се наоѓаат општинските и кантонските судови во Сараево, а од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево потврдија дека го добиле известувањето во 12.05 часот и дека екипите се на терен.