Almir Terzic
13 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
САРАЕВО (АА) - Жупанскиот центар Загреб забележа 240 интервенции на оперативните служби, а две лица се сериозно повредени како резултат на силниот бурен ветар, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради силниот бурен ветар, кој и во текот на денешниот ден ќе дува на подрачјето на град Загреб, упатен е апел до граѓаните без потреба да не излегуваат на отворено, да користат јавен превоз и да не заминуваат во околните шуми.
Министерството за внатрешни работи на Хрватска наведува дека сите полициски службеници и цивилната заштита, противпожарните тимови и сите надлежни служби се наоѓаат на терен и се во состојба на готовност.
И на територијата на Босна и Херцеговина се издадени предупредувања за опасност од поплави, а Управата на цивилната заштита апелира за преземање на навремени превентивни мерки во критичните подрачја. Сите магистрални и регионални патишта се проодни иако врнежи од дожд со поголем интензитет и понатаму паѓаат во западните делови на БиХ.