Abdula Berisha
18 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја пречека премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која престојува во работна посета на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
По средбата одржана во Владата на Северна Македонија, премиерите на двете земји ќе учествуваат на Самитот во организација на „Македонија 2025“.
Главна тема на годинашниот Самит на МК2025 е регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.