Admir Fazlagic
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска преку видео обраќање им го честита меѓународниот Ден на демократијата на граѓаните на Македонија, кој годинава во светот се одбележува под мотото „Демократијата и превенцијата на конфликти“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во својата порака по повод Денот на демократијата, премиерот Заев вели дека Република Македонија го одбра концептот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, што е механизам, за кој вели дека мора да се почитува и да се заштитат човековите слободи и права.
„Денес слободно можеме да кажеме дека сите ние, граѓаните на Македонија, заедно успеавме – ја одбранивме демократијата во Македонија. Македонија е слободна. Слободна и демократска земја значи и демократска поделба на власта. Република Македонија го одбра концептот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, кои не смеат да се преклопуваат, што е механизам кој мора да се почитува за да се ограничи државната власт и за да се заштитат човековите права и слободи", рече премиерот Заев.
Меѓудругото, тој потсети дека Македонија наскоро ја очекуваат локални избори, за кои рече дека ќе бидат обезбедени услови за фер и демократски избори за сите граѓани на Република Македонија.