Ekip
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На повик на турската Републиканска народна партија (ЏХП) на централниот истанбулски Плоштад Таксим, се организира Митинг за Републиката и демократијата, на кој приствува голем број на граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
На митингот учествуваат претставници на сите парламентарни партии, невладини организации, синдикати и уметници од разни профили.
Со знамињата на Турција и плакатите на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, граѓаните громогласно ги извикуваат слоганите „Рамо до рамо против ударот”, „Нема грабежи, има Република” и „Ние сме војници на Мустафа Кемал”.
Зголемени се и мерките за безбедност, а полицијата на неколку пунктови извршува претрес на лица кои од сите делови на Истанбул и другите градовите пристигнуваат на Таксим.
Многубројни граѓани од Чанаккале, Баликесир, Едирне и Кикларели дојдоа во Истанбул за да присусвуваат на митингот.