Derya Gülnaz Özcan, Tevfik Durul
25 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
АТИНА
Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека ќе ги вложи сите потребни напори за да воспостави соработка со Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
Мицотакис во текот на своето обраќање на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк порача дека Грција секогаш сака да одржува отворени патишта за дијалог со Турција.
Нагласи дека официјална Атина не сака да се повторат тензиите што се случија минатата година.
Тој додаде дека Грција ќе продолжи да ги штити своите суверени права.
Мицотакис рече дека е можна соработка со Турција во рамките на заедничката борба против новите заеднички предизвици и непријатели, потенцирајќи дека соработката со Анкара е можна и во борбата против климатската криза и по прашањето за миграциите.
„Нема да ги изоставам напорите за изнаоѓање соработка со Турција“, рече Мицотакис, истакнувајќи дека историјата и географската положба ги поврзуваат двете земји.