Admir Fazlagic
22 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Според првичните резултати од првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, од 99,49 проценти од обработените гласачки ливчиња, кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова ќе се натпреваруваат во вториот круг од изборите што ќе се одржи на 5 мај оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Претседателски избори во Северна Македонија: Затворени избирачките места
- Пендаровски: Вечерва во првиот круг води концептот „Заедно напред“
- ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: „Ги победивме, но не целосно ги поразивме"
- Река: „На противкандидатите им посакувам успешна изборна трка во вториот круг“
Пендаровски, кандидат поддржан од владејачката коалиција предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), тесно води со 42,84 проценти (323,463 гласови) против Силјановска-Давкова, кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која освои 42,24 проценти (318, 945 гласови) од вкупниот број гласови.
Претседателскиот кандидат на опозициските партии од албанскиот блок, Алијанса за Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, како треторангиран според досегашните резултати, нема право да учествува во вториот круг од изборите.
Според податоците на ДИК, Река освои 10,57 отсто од вкупниот број гласови, односно ја добри поддршката од 79,824 граѓани.
Излезноста, според податоците на ДИК, во првиот круг од претседателските избори изнесува 41,97 или 721.595 гласачи го искористиле своето право на глас, од вкупно 1.808.131 гласач.
Меѓу другото, покрај на првиот круг од претседателските избори, граѓаните на Охрид, Дебар и Ново Село имаа можност да го искористат своето право на глас за избирање градоначалници на овие општини.
Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, по затворањето на избирачките места одржа прес-конференција на која истакна дека гласањето во текот на денешниот ден поминало мирно, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Спасовски им се заблагодари на институциите и на граѓаните за, како што рече, успешно спроведените избори.
Вториот круг од изборите ќе се одржи за две недели, на 5 мај.
Ова се шести претседателски избори, по осамостојувањето на земјата.