Furkan Naci Top
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
АТИНА (АА) - Одлуката за продолжување на штрајкот на вработените во поморскиот сектор во Грција за уште еден ден, негативно ќе влијае врз 300.000 патници, меѓу кои има и туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел зголемување на платите во рамките на колективниот договор на вработените во поморскиот сектор, Федерацијата за поморство на Грција (PNO) влезе во штрајк. Откако договорот со Владата не донесе резултат, Федерацијата донесе одлука за продолжување на штрајкот за уште еден ден.
Здружението на оператори на грчките патнички бродови (SEEN) соопшти дека поради дводневното одложување на бродските патувања, околу 300.000 лица, меѓу кои население кое живее на островите, како и туристи, негативно ќе бидат погодени од штрајкот.
Претходно имаше издадено соопштение во кое се вели дека вработените во поморските служби се одлучиле на 24-часовен штрајк бидејќи поради 8-годишната криза во која се наоѓа Грција, немаат добиено задоволително зголемување на платата.
Според грчиот печат, Федерацијата за поморство на Грција побарала покачување од 5 отсто, на што работодавачите понудиле покачување од 2 отсто, што не било прифатено.
На 20 август официјално заврши последната мерка од Програмата на пакетот за економски спас на Грција.