Балкан

Протест пред Парламентот на Албанија: Опозициските пратеници запалија кукли кои ги претставуваат Рама и соработниците

Тензиите што започнаа во понеделникот поради протестот на дел од пратениците од опозицијата поради затворската казна на пратеникот на Демократската партија на Албанија (ПД) Ервин Салиањи, продолжија и денеска

Fatjon Cuka, Dzihat Aliju  | 03.10.2024 - Обновена : 04.10.2024
Протест пред Парламентот на Албанија: Опозициските пратеници запалија кукли кои ги претставуваат Рама и соработниците Фото: Olsi Shehu/АА

ТИРАНА (АА) - По немирите во Парламентот на Албанија на почетокот на неделата, пратениците од опозицијата кои беа отстранети поради дисциплинска постапка денеска се судрија со обезбедувањето на Собранието, јавува Анадолу.

Тензиите што започнаа во понеделникот поради протестот на дел од пратениците од опозицијата поради затворската казна на пратеникот на Демократската партија на Албанија (ПД) Ервин Салиањи, продолжија и денеска откако собраниското обезбедување не дозволи пристап до парламентарната сала на пратениците против кои претходно беа започнати дисциплински постапки.

Дел од опозициските пратеници накратко се судрија со припадниците на собраниското обезбедување, кои претходно се обидоа да спречат влез на дел од министрите во Владата на Албанија и на пратениците од редовите на Социјалистичката партија на Албанија (ПС) во Собранието.

Како последица на нередот пред Собранието, дел од пратениците на опозицијата запалија кукли кои ги претставуваат премиерот на Албанија, Еди Рама, и дел од неговите соработници.

За време на нередите на 30 септември, дел од пратениците на опозицијата ги запалија клупите пред собраниската зграда, по што вкупно 24 пратеници беа санкционирани со отстранување од Собранието на 40 и на 10 дена.

Тензиите настанаа откако опозицискиот пратеник од ПД Салиањи беше осуден на затворска казна, а потоа ја загуби и функцијата пратеник во Собранието.

Салиањи е обвинет дека објавил аудиоснимка на некои од роднините на тогашниот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, поврзувајќи ги со наводна трговија со дрога.

Вишиот суд во Тирана на 26 септември 2024 година, ја потврди претходната судска пресуда, со која Салиањи беше осуден на една година затвор за „давање лажно сведочење“.

ПД ја окарактеризира одлуката на судот како „неправедна и политички мотивирана“, а на протестите се приклучија и пратеници од редовите на оваа партија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın