Adel Omeragic
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорскиот Парламент на седницата во Цетиње денес го ратификуваше Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
За ваквата одлука гласаа 44 пратеници, а никој не беше против или воздржан.
Пратениците на Демократите и Граѓанското движење УРА, кои го бојкотираат Парламентот, не присуствуваа на денешната седница.
Шефот на дипломатијата на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, во Собранието изјави дека на пратениците е историската одлука, бидејќи Црна Гора првпат го одобрува пристапот на некоја друга држава во НАТО. Тој наведе дека пристапот на Северна Македонија во НАТО е добра вест за целиот регион.
„Поддршката на Македонија е високо на агендата на Црна Гора. Како членка на НАТО, Црна Гора е активен промотер на понатамошното ширење на НАТО“, порача Дармановиќ.
Гласањето беше едногласно и за Протоколот се изјаснија за 44 пратеници, во отсуство на пратениците од опозицијата.
На чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора присуствуваше и претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, кој престојува во дводневната работна посета на Црна Гора.
Членките на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристап на Македонија во Алијансата.
По ратификацијата на Протоколот за пристап на Северна Македонија во парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, оваа земја и официјално ќе стане полноправна членка на Алијансата.
Влезот на Северна Македонија во НАТО од 2008 година беше условен со решавање на спорот околу уставното име, кој оваа држава го имаше со Грција од стекнувањето на нејзината независност во 1991 година.
Споменатиот Протокол денес е ратификуван и во хрватскиот Парламент.