Dejan Maksimoviç
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
САРАЕВО (AA) - Со полагање на цвеќе и молитва, денес на Шехидските гробишта Ковачи во Сараево е одбележана 15. годишнина од смртта на Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Република Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Цвеќе положија бројни делегации на државно, федерално и пониските нивоа на власта во БиХ, претставници на дипломатскиот кор, здруженија на борците на БиХ,членови на Странка на демократска акција (СДА) и други.
Меѓу останатите почест на Изетбеговиќ му даде Денис Звиздиќ, претставачот на Советот на министри на БиХ, кој нагласи дека Изетбеговиќ, првиот претседател на независна БиХ бил една од наистакнатите личности во историјата на земјата.
„Беше државник, мислител, хуманист. Човек кој со својот живот и со своето дело на најдобар начин покажа како се бори за својата татковина. Беше борец за независна, целовита, самостојна и суверена БиХ, борец за слобода, солидарност и рамноправност на сите граѓани на БиХ. И, поради тоа неговите зборови, неговите мисли, неговото дело треба да останат трајно запаметени и да бидат показател на идните генерации како всушност се бори за слобода, не само за својот народ, туку и за сите оние кои живеат во нашата единствена земја БиХ, и како се бори вистински за принципи на цивилизацијата, морал, слобода, рамноправност, еднаквост и вкупен просперитет на БиХ и сите нејзини граѓани", нагласи Звиздиќ.
Додаде дека мисли дека БиХ оди кон патот по кој сакаше да оди Изетбеговиќ.
„Алија Изетбеговиќ посебно инсистираше да се трасира патот кон ЕУ и НАТО. Ние многу сериозно, одговорно и посветено работиме на таква БиХ, која ќе биде европска, слободна, просперитетна БиХ. Посебно инсистираше на зачувување на слободата, рамноправност и толеранција, да живееме во земја на слободни луѓе, каде секој ќе може да ја проповеда верата онака како го учеше неговата мајка и каде на омразата и нетрпеливоста ќе и се спротивставува со соработка и толеранција. Голем број, или доминантен број граѓани на БиХ сака таква БиХ, земја на слободни, рамноправни, еднакви луѓе, а оние кои се враќаатво мрачните деведесети и сеуште шират различи хегемонистички идеи, они ќе завршат на темната страна на историјата", заклучи Звиздиќ.
Асим Сарајлиќ, потпретседателот на СДА истакна дека не престануваат да работат на градење држава каква што Изетбеговиќ сакаше и за каква живееше.
„Во најтешките денови на агресијата и најтешките денови на неговиот живот, кога беше затвореник, кога беше во окружување, кога беше претседател на држава, која беше на колена, во крв, во геноцид и злосторство, тој не губеше надеж, не гувеше верба. И го сочува мултиетничкиот дух на оваа земја", рече Сарајлиќ.
Меѓу бројните делегации, кои положија цвеќе беше и турска делегација која ја предводија Халдун Коч, амбасадор во БиХ и Зухту Арслан, претседател на Уставен суд на Република Турција.
Алија Изетбеговиќ беше првиот претседател на меѓународно признаена држава Босна и Херцеговина и врховен командат на Армијата на Република Босна и Херцеговина. Роден на 8 август 1925 година, во Босански Шамац, а почина на 19 октомври 2003 година во Сараево. Погребан е во шехидските гробишта „Ковачи" во Сараево.