Ekipa
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 913 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што бројката на евидентирани случаи на овој вирус од почетокот на епидемијата се искачи на 33.908, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците предизвикани од Ковид-19 починати се 24 лицa, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата од вирусот се искачи на 1.049.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 21.665.
Во Северна Македонија бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 11.194.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија направени се 2.731 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 255.904 тестирања.
- Владата со нови мерки против ширењето на коронавирусот -
Инаку, Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, и со исклучок на објектите на бензинските станици, аеродромите, хотелските ресторани.
На седницата донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21:00 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор, без неопходна потреба, како и препорака за граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница.