Husamedin Gina
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 467 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 298.662, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 4 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се уште 4 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.050.
Институтот за јавно здравје регистрира 414 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 286.378.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.233.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.533 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања.