Elena Trenchevska Chekovic
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.166 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 171.576, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 29 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.755.
Институтот за јавно здравје регистрира 232 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 153.148.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 12.673.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.458 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирања.