Furkan Abdula
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 284 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 112.930, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 21 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.340.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 449 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 98.133.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.457.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.258 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирање.