Furkan Abdula
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 37 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 156.543, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.494.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 23 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.422.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 627.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.658 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања