Furkan Abdula
23 Април 2021•Ажурирај: 24 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 489 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 149.710, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 33 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.628.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 905 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 127.139.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 17.943.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.841 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 703.569 тестирање.