Furkan Abdula
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 1.171 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 328.180, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.373.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.390 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 313.833.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 4.974.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.631 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирања.