Husamedin Gina
25 Март 2022•Ажурирај: 26 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 322 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 304.648, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавено е едно починато лице од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се пријавени 5 починати лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.197.
Институтот за јавно здравје регистрира 308 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 293.479.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.972.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.246 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.948.834 тестирања.