Husamedin Gina
09 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 679 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 332.667, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.398.
Институтот за јавно здравје регистрира 291 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 318.890.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 4.379.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.537 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања.