Furkan Abdula
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 225 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 18.363, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 749.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.164.
Во моментот активни се 2.450 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.694 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 191.821 тестирање за Ковид-19.