Admir Fazlagic
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се починати 25 лица поради последиците од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на смртните случи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 1.949, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 365 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 68.332.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени е 44.705.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.678.
Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид-19, од кои 947 тестирања во последните 24 часа.