Husamedin Gina
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 20 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 1.941, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство потврди еден смртен случај од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се искачи на 113.
Во изминатото деноноќие Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.411, а во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 417.
Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 24.762 тестирања на овој вирус.
Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.
Според вчерашната одлука на Владата, за време на претстојниот празничен викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата, почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот, до вторник, 26 мај, до 5 часот.
Полицискиот час во земјата денес започнува од 19:00 часот и трае до утре до 5:00 часот.