Admir Fazlagic
15 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 17 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1740, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека се починати двајца пациенти кои имале Ковид-19, со што вкупниот број на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 97.
Соопштено е дека се регистрирани 16 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1251.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 392.
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања.
Премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски, задвчера ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на Ковид-19, според кои, по речиси двомесечна пауза, се отвораат трговските центри - молови, без угостителските објекти во нив, се отвораат центрите за едукација, автошколите и спортските и другите обложувалници што работат преку шалтер.
Потсетуваме, на 18 март претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на предлог на Владата, прогласи вонредна состојба на целата територија во земјата поради ширењето на коронавирусот, која сè уште е во сила.
Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.