Husamedin Gina
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 22 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.762, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починал еден пациент кој имал Ковид-19, со што вкупниот број на починати лица од овој вирус порасна на 98.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 16 оздравени пациенти од Ковид-19, подигнувајќи го бројот на оздравени пациенти во земјата на 1.267.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во државата изнесува 397.
Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања на Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 21.010 тестирања.
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.
Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.