Elena Trenchevska Chekovic
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.081 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 164.529, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 15 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.589.
Институтот за јавно здравје регистрира 91 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 151.235.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 7.705.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.802 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања.