Admir Fazlagic
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 1.192 нови случаи на кооронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на овој вирус во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 35.097.
Од последиците на Ковид-19 починати се 22, а вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус изнесува 1.071. Бројот на активни случаи изнесува 12.002.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 22.024.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.211 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања.