Admir Fazlagic
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 164 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.786, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците на Ковид-19, во земјата, се искачи на 406.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица во земјата изнесува 4.676.
Во моментов, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.704.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1612 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на овој вирус.