Ekipa
01 Октомври 2021•Ажурирај: 02 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 412 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 191.820, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08. до 28.09.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.683.
Институтот за јавно здравје регистрира 395 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 173.048.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.089.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.379 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања.