Admir Fazlagic
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 44 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.057, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Потврдени се 2 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица во Северна Македонија се искачи на 88.
Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа во земјава се потврдени 13 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се искачи на 1.539.
Во моментов, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 394.
Во изминатите 24 часа извршени се 292 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 17.836 тестирања.
Поради пандемијата на Ковид-19 во Северна Македонија од 18 март, претседателот на државата, Стево Пендровски, прогласи вонредна состојба на предлог на Владата. Со цел спречување на ширењето на вирусот на целата територија во земјата е воведен полициски час, кој во работните денови трае од 19:00 до 05:00 часот, а во време на викендите од 14:00 до 05:00 часот.