Admir Fazlagic
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.275 нови случаи на кооронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на овој вирус во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 36.372.
Од последиците на Ковид-19 починати се 13, а вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус изнесува 1.084.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 22.526. Бројот на активни случаи изнесува 12.762.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.331 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на тестирања изнесува 262.446 тестирања.