Dzihat Aliju
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Северна Македонија ќе биде домаќин на самитот „Брдо-Бриони“ во октомври, јавува Анадолу.
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар најави дека самитот на процесот на Брдо-Бриони ќе се одржи во Северна Македонија во октомври.
Зборувајќи за самитот што требаше да се одржи на островите Бриони, но беше откажан поради несогласувања меѓу Србија и Хрватска, таа рече дека е битно за сите да се продолжи самитот.
„Значи тоа е навистина битно, и Косово и Србија се тука. И уште еднаш навистина благодарам на претседателката на Северна Македонија дека ќе го организира овој процес“, додаде Пирц Мусар.
Процесот „Брдо-Бриони“ е регионална иницијатива иницирана од Словенија и Хрватска во 2013 година, а дел од него се и земјите од Западен Балкан.
Иницијативата беше наречена Процес „Брдо-Бриони“ по две локации - Брдо кај Крањ во Словенија и островите Бриони во Хрватска - кои се симбол на помирувањето и дипломатијата.