Bojana Stojanovic
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија седум лица починаа од последици на коронавирусот во изминатите 24 часа, регистрирани се уште 802 заразени, а до денес хоспитализирани се 1.242 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Вкупно досега во земјата евидентирани се 49.205 случаи на Ковид-19.
Од вчера тестирани се 7.487 лица, од кои 802 се позитивни на коронавирусот.
Во истиот период починаа седум лица, со што бројот на смртни случаи од Ковид-19 во земјата досега достигна 833. Процентот на смртност е 1,69 отсто.
На респиратори се приклучени 57 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјата тестирани се 1.352.657 граѓани.