Admir Fazlagic
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
СКОПЈЕ
Сервисот на Агенција Анадолија (АА) на македонски јазик започна со објавување вести на каналот Телеграм, со што им овозможува на своите следбеници да ги следат содржините на вестите од регионот и светот и на оваа интернет платформа.
Покрај објавувањето на своите содржини на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, АА започна и да ги објавува своите содржини и на каналот Телеграм.
Агенција Анадолија е државна новинска агенција на Република Турција основана во 1920 година. Агенција Анадолија објавува вести, фотогалерии, вести со инфографика, како и видео содржини.
Линкот на кој можете да ги следите објавите на АА на Телеграм е https://t.me/AnadoluAgencyMakedonski