Ferdi Türkten
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Годишникот на Anadolu Agency (АА) за 2015 година со бројни фотографии и вести се најде на полиците на многу книжарници.
Вработените на АА како и претходните години и овој пат годишникот го подготвија на турски, англиски и арапски јазик.
Во Годишникот се објавени содржините од настаните кои ја одбележаа минатата година, од речиси сите делови на светот. Темите се различни, така што може да се прочитаат теми од областа на политиката, уметноста, економијата, спортот и културата.
Поради својата богата содржина на настани во текот на целата година, Годишникот може да послужи како важен извор на информации за оние кои се занимаваат со архивски материјали, и сите други љубители на историјата.
По напорната работа и тешка одлука во Годишникот се наоѓаат околу 300 високо квалитетни фотографии.
Во Годишникот на арапски јазик, во фокусот се настаните кои го одбележаа арапскиот свет, додека во Годишникот на англиски јазик, посебно внимание е посветено на настаните од САД и Европа.