Admir Fazlagic
08 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, дипломатски претставници, претставници на владини и невладини организации и институции, како и бројни поканети гости, во Македонската опера и балет (МОБ) во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Македонија, се одржа културната манифестација „Дружење со пријателите", јавува Anadolu Agency (AA).
На присутните во име на организаторот им се обрати амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ, која рече дека и претставува исклучителна чест и задоволство да ги поздрави присутните гости на манифестација „Дружење со пријателите" која Амбасадата на БиХ во Македонија ја организира веќе втора година по ред.
„Желба ни e на македонската публика да и претставиме барем еден мал дел од богатото културно наследство на Босна и Херцеговина и на нејзиниот народ, како и преку културата да дадеме мал придонес во зачувувањето на традиционално добрите врски помеѓу Босна и Херцеговина и Република Македонија и граѓаните на двете земји", истакна Бабиќ.
Таа им се заблагодари на сите што со својот ангажман дале свој придонес успешно да се одржи вечерашниот настан, изразувајќи надеж дека истиот ќе прерасне во традиција.
Публиката имаше можност да ужива во интеретацијата на младиот пејач од Босна и Херцеговина, Марко Бошњак, „Леванте Гитар дуо", како и сараевската група „Диванхана“ која изведе босански љубовни песни-севдалинки.
Диванхана изведува традиционална музика во нови аранжмани кои настанале со влијането на џезот, поп, и класичната музика од 20 век. Намерата на бендот е да ја негува и презентира не само урбаната традиционална музика од БиХ, туку и традиционалната музика од земјите од Балканот, со посебен и внимателен осврт на севдалинката.