Admir Fazlagikj
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Главниот град на Република Северна Македонија моментално е најзагаден град во светот, покажуваат најновите податоци на светскиот сервис кој го следи загадувањето на воздухот, „Ајкју ер“ (IQAir), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Индексот на ПМ 10 штетните честички во воздухот во Скопје изнесува 194. По Скопје, на листата најзагадени градови во светот се Лахор во Пакистан, Уланбатар во Монголија, Калкута и Делхи во Индија.
Податоците од мерните станици за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина на Северна Македонија покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во земјата.
Овие два града се обоени со виолетова боја што укажува на многу високозагаден воздух. Високозагаден е воздухот и во Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.
Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес се со среднозагаден воздух.
Министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини, во изминатите денови изјави дека сѐ додека не се смени начинот на греење, нема да има долгорочно решение за аерозагадувањето.