Husamedin Gina
06 Јануари 2022•Ажурирај: 07 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Православните христијани во Република Северна Македонија денеска го одбележуваат Бадник (Коледе), денот пред еден од двата најголеми празници во христијанството, Божиќ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Традиционално, Бадник се одбележа со собир во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, што започна со бадниковата химна и со кревање на бадниковото знаме.

На манифестацијата присуствуваа голем број граѓани, а свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ги осветија бадниковите гранчиња.
Откако беа осветени бадниковите гранчиња, им беа поделени на верниците.

Во рамките на традиционална прослава на Бадник, која оваа година се одржа по 30-ти пат, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ), г. г. Стефан, бадникарскиот ќуп го предаде на новите кумови, кои на прославата пристигаа со пајтони, а исто така осветена беше и погачата.
