Elena Trenchevska Chekovikj,Fatjon Cuka,Agim Sulaj
14 Декември 2024•Ажурирај: 14 Декември 2024
СКОПЈЕ (АА) – Во пресрет на новогодишните празници украсени се и продолжуваат да се украсуваат Скопје, Приштина, Тирана и другите градови низ регионот, јавува Анадолу.
Плоштадот „Македонија“ во главниот град на Северна Македонија, Скопје, и улиците кои се слеваат кон него празнично блеснаа украсени со светилки во разни бои и новогодишната елка во средишниот дел.
На плоштадот пристигна и црвеното вовче, кое ја збогати празничната атмосфера за најмладите.
Новогодишниот декор го збогатија и поставените дрвени куќички.
Со новогодишни украси и светилки украсени и се и другите градови низ Северна Македонија, а градските власти планираат соодветни активности по повод празниците.
- Главниот град на Косово, Приштина, украсен во пресрет на доаѓањето на Новата Година -
Плоштадите во косовската престолнина Приштина, од јужниот плоштад „Џорџ Буш“ до оној на север, „Ибрахим Ругова“, се украсени со дрвени куќички, мали светилки и разни фигури, како што се ѕвездите или џиновските балони.
И покрај студеното време, голем број граѓани времето го поминуваат на украсените плоштади.
На крајот на годината, како и обично, Косово пречекува голем дел од дијаспората, која се враќа и поминува неколку дена во својата татковина.
- Тирана го смени изгледот во пресрет на Новата Година -
Во пресрет на крајот на годината се украсуваат главниот град Тирана и другите градови низ Албанија.
Тирана во пресрет на празниците е осветлена со украсените плоштади „Скендербег“, „Мајка Тереза“, булеварот „Народни маченици“ и други помали плоштади.
Шарените светилки и другите украси донесоа поинаква атмосфера во главниот град, но и во останатите градови во Албанија, каде што граѓаните се ангажирани да создадат свој празничен амбиент.