Furkan Abdula
15 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Граѓаните на Скопје од исламска вероисповед, како и сите муслимани во земјите на Балканот и низ светот, се подготвуваат за месецот на постот Рамазан во чиј тек муслиманските верници ќе постат од изгрејсонце до зајдисонце.
Граѓаните на Скопје, а и чаршијата и пазарот неколку дена пред почетокот на Рамазан започнаа со подготовки за овој свет месец за муслиманите.
Објективот на Anadolu Agency (AA) ја забележа раздвиженоста на граѓаните, кои ги преполнија скопските пазари, со цел да ги обезбедат потребните производи за рамазанската трпреза. Трговците на пазарите обезбедија повеќе производи што ги консумираат муслиманите за време на ифтарот, како што е хурмата, која редовно се консумира во текот на Рамазан, но и други разновидни производи од овошје и зеленчук.

Традиционално, како и секоја година во минатото, и за време на овој Рамазан се вршат подготовки за организирање на ифтари за сиромашните жители, како и за оние кои имаат потреба од тоа.
Покрај пазарите, и џамиите во Скопје и околината се подготвени за месецот на постот.
Муслиманите во земјите на Балканот за време на Рамазан ќе постат меѓу 17 и 18 часа дневно.
Потсетуваме, првиот ден на постот е 16 мај, среда.